Историјат

Одгледувањето на пчелни семејства претставува наша семејна традиција повеќе од половина век започната од нашето семејство. Во 2005 година е основана компанијата ЗОРАЛЕК која го носи името на двајцата браќа Зоран и Александар.

Пред основањето на компанијата поседувавме околу 200 пчелни семејства лоцирани во една од најчистите еколошки средини во Македонија – селото Вепрчани во областа Мариово.

По основањето во 2005 година, ЗОРАЛЕК го склучува својот прв договор за продажба на мед на големо во фармацевска компанија. Од следната година започнуваме да ги одгледуваме своите пчелни семејства според стандардите за Органското производство и наскоро добиваме сертификат, со што стануваме прва компанија во Македонија за производство на Органски мед и Пчелни производи.

Веднаш по договорот и сертификатот, се насочуваме кон инвестирање и изградба на Објект за производство и пакување на нашите производи.
За неколку години успеавме да формираме околу 500 пчелни семејства на неколку пчеларници, во рурални средини и ги одгледуваме според стандардите на Органското пчеларство.

Во 2013 година добивме одобрение за употреба на нашиот производен погон од Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија и дозвола за извоз во другите земји.

Со производство и пакување на мед и пчелни производи започнуваме во 2014 година и истите ги пласиравме по продажните места во Македонија.

Затоа што најмногу сакаме да имаме среќни и задоволни потрошувачи, со цел да одговориме на нивните потреби, започнавме со производство на нови видови мешавини со мед. Истите се произведени на природна база и им даваат можност на потрошувачите да се здобијат со поголеми придобивки за своето тело од конзумирањето на истите за разлика од класичните медови. Така, во 2015 година е создаден Брендот ФЛОРЕО.

12

Типови на производи

14

Години постоење

50+

Партнери низ Македонија

ЦЕЛ

Нашата цел како компанија е брендот ФЛОРЕО да го направиме препознатлив по својот квалитет во целиот свет. Годишното производство на природен мед во Република Македонија е од 2000 до 3000 тони. Како регистрирани откупувачи на мед, ќе се трудиме да обезбедиме пласман на целото производство на мед во нашата држава. Така, сите одгледувачи на пчелни семејства би имале загарантиран откуп на својот производ од нас, а ние ќе се трудиме реално да се зголеми учеството на земјоделството во процентот на БДП на нашата држава.

МИСИЈА И ВИЗИЈА

Секоја тегла на мед произведена во нашиот објект, истата да биде спакувана по високи стандарди за безбедност на храната и висок квалитет. Тоа е нашиот предуслов за препознавање на нашите производи на пазарот. Така, ќе се трудиме да добиеме реална цена на пазарот, за на крај да имаме задоволни потрошувачи, задоволни производители на мед и задоволна држава од плаќањето на нашиот данок.

Вложуваме константни напори за проширување и подобрување на својата производствена програма. Квалитетот, иновативноста и безбедноста на нашите производи се најважни предуслови. Тоа е всушност визијата и мисијата на ЗОРАЛЕК.

Контакти

+389 70 211 220 | +389 43 225 333
ул. Вељко Влаховиќ бр. 1-3/12, 1430 Кавадарци, Македонија
info@zoralek.com

Следете не