Вита мед

Опис на производот
ФЛОРЕО-Вита мед претставува вкусен традиционален микс од Зоралек со мед, семе од коприва и бадеми. Богатството од природните состојки го прават Вита мед извонредно избалансиран додаток во исхраната кој помага при:
- Подобрување на железото во крвта;
- Подобрување на хемоглобинот;
- Подобрување на функцијата на мозокот и нервите;
- Регулирање на крвниот притисок;
- Регулирање на мускулната активност.
Семето од коприва е најдобро лековито средство за прочистување на крвта, со чија редовна употреба значително расте бројот на црвените крвни зрнца. Покрај тоа, постојат и голем број причини да го користите во исхраната. Утврдено е дека семето од коприва: го зајакнува организмот, дава енергија и сила, го намалува уморот, го зајакнува имунитетот, има позитивен ефект против пролетен умор и алергија, корисно е за лекување на бубрежни заболувања, ја подобрува работата на тироидната жлезда, го чисти организмот од токсини, помага за регулирање на нивото на холестерол и триглицериди во крвта, корисно е при ноќно мокрење кај децата.
Бадемите се богати со витамини, минерали, влакна и аминокиселини, па секако дека е потребно да ги вклучиме во секојдневната исхрана. Научно е утврдено дека бадемите го намалуваат нивото на холестерол и го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести. Бадемот е одличен извор на протеини, омега-3 масни киселини и е еден од најдобрите извори за витаминот Е, кој помага во борбата со слободните радикали како и против предвремено стареење на кожата.
Вкусете го незаменливиот ФЛОРЕО-Вита мед за здравје и подобрување на крвната слика. Ова е најдобриот природен додаток во исхраната!
Состав: Мед, семе од коприва и бадеми.
Начин на употреба: Без термичка обработка. Медот и другите пчелини производи треба да се задржуваат подолго во устата, затоа што одтаму, преку јазичните жлезди, брзо навлегуваат во крвта и се шират во целиот организам. На температура над 41оС, медот ги губи лековитите својства.
Конзумирање: Дневната доза за возрасен човек е од 60гр. до 100гр. вита мед распореден во три дела (по една супена лажица) пред оброк, а за децата тоа количество изнесува 30гр. (три кафени лажички) дневно распоредени на три дела пред оброк.
Начин на чување: На суво место на температура до 18оС заштитено од директна сончева светлина. Чувањето на производот на температура над 22оС може да влијае на физичкиот изглед но НЕ и на квалитетот на производот. Во таков случај, пред употреба производот се промешува и повторно се продолжува со конзумирање.
Рок на употреба: Неограничен. Природниот мед е препорачливо да се употреби во рок од 3 години од датумот на пакување означен на амбалажата.