Релакса мед

Опис на производот
ФЛОРЕО-Релакса мед од Зоралек, претставува микс од мед, валеријана, маточина, нане и жолт кантарион. Помага при:
- Ослободување од емотивниот стрес;
- Намалување на менталниот замор;
- Вртоглавица;
- Несоница;
- Намалување на симптомите на депресија.
Нането од секогаш се користело за лекување на настинки и во тоа е многу успешно, но ефикасно е и за смирување и за зајакнување на нервите. Комбинирано со маточината, како што е во ФЛОРЕО Релакса мед, ја зголемува психичката отпорност и ја лекува емотивната нестабилност. Нането се покажало и како природен лек при: стомачни заболувања, заболувања на дишните патишта (воспаление на уста, грло и при кашлица), нервоза, болести на жолчната кеса и жолчните патишта, цревни заболувања, болести на црниот дроб итн.
Билкарите, народните лечители како и нашите баби ја знаат огромната полза што човек може да ја извлече од растението – жолт кантарион. Ова растение покажало многу добри резултати при лечење на депресија и мигрена. Причината се крие во една од супстанциите што ги содржи кантарионот наречена хиперицин. Оваа супстанција го смирува организмот, го намалува физичкиот замор и води до ослободување на мали количини допамин, кои не прават да се чувствуваме посреќни. Затоа е и причина да се препорача конзумацијата на ФЛОРЕО Релакса мед во нашето секојдневие.
Производот не се препорачува за деца под 16 години и трудници.
Почувствувајте ги благодетите од природата преку ФЛОРЕО-Релакса мед. Бидете секогаш подготвени да му се спротивставите на стресот и несоницата!
Состав: Мед, валеријана, маточина, нане и жолт кантарион.
Начин на употреба: Без термичка обработка. Медот и другите пчелини производи треба да се задржуваат подолго во устата, затоа што одтаму, преку јазичните жлезди, брзо навлегуваат во крвта и се шират во целиот организам. На температура над 41оС, медот ги губи лековитите својства.
Конзумирање: Дневната доза за возрасен човек е до 60гр. релакса мед распореден во два дела (по една супена лажица) пред оброк наутро и навечер, а за децата тоа количество изнесува 30гр. (три кафени лажички) дневно распоредени на три дела пред оброк.
Начин на чување: На суво место на температура до 18оС заштитено од директна сончева светлина. Чувањето на производот на температура над 22оС може да влијае на физичкиот изглед но НЕ и на квалитетот на производот. Во таков случај, пред употреба производот се промешува и повторно се продолжува со конзумирање.
Рок на употреба: Неограничен. Природниот мед е препорачливо да се употреби во рок од 3 години од датумот на пакување означен на амбалажата.