Природен Планински Мед

Природен Планински Мед

Опис на производот

Природниот планински мед од Зоралек се карактеризира со својот извонреден појак вкус и арома. Бојата на планинскиот мед е од темно црвена до нијанси на кафена. Колку што е медот потемен, посилни му се лековитите својства.

Природниот планински мед се добива од разновидни незагадени планински растенија кои изобилуваат со лековити својства. Планинскиот мед има јако антивоспалително и антибактериско дејство. Се користи за јакнење на имунитетот и при проблеми со респираторниот систем. Помага во лекување на кашлица, воспалувања на грлото и синусите.

Особено е корисен кај децата за подобар раст и развој. Исто така се препорачува кај анемични и слаби лица, трудници, доилки, стари и изнемоштени лица, физички и умствени работници, спортисти и др. Ја поттикнува циркулацијата, ја регулира работата на желудникот, цревата, црниот дроб и жолчката, се препорачува кај анемии, го остранува уморот и ги јакне мускулите.

ФЛОРЕО-Природниот Планински Мед е идеален за сите возрасни групи особено за лицата кои се во постојана активност во текот на денот. Уживајте во карактеристичниот вкус кој содржи богат извор на минерали потребни за телото.

Состав: Планински мед 100%.

Начин на употреба: Без термичка обработка. Медот и другите пчелини производи треба да се задржуваат подолго во устата, затоа што одтаму, преку јазичните жлезди, брзо навлегуваат во крвта и се шират во целиот организам. На температура над 41оС, медот ги губи лековитите својства. Затоа внимавајте кога додавате мед чајот да не е премногу врел.

Конзумирање: По избор на потрошувачот. Дневната доза за возрасен човек е максимум 100гр. мед распореден во три дела, а за децата тоа количество изнесува 30гр. (една супена или три кафени лажички) дневно распоредени на три дела. Се препорачува конзумирањето на производот да биде половина час пред оброк.

Начин на чување: На собна температура. Кристализацијата е нормален процес на медот кој не влијае на неговиот квалитет. Медот кристализира под 18оС, а повторно ќе добиете течен мед кога ќе ја ставете теглата во топла вода до 40оС.

Рок на употреба: Неограничен. Природниот мед е препорачливо да се употреби во рок од 3 години од датумот на пакување означен на амбалажата.

Контакти

+389 70 211 220 | +389 43 225 333
ул. Вељко Влаховиќ бр. 1-3/12, 1430 Кавадарци, Македонија
info@zoralek.com

Следете не