Природен Ливадски Мед

Природен Ливадски Мед

Опис на производот

Природниот ливадски мед од Зоралек се карактеризира со својот извонреден вкус и арома. Бојата на ливадскиот мед е од светло жолта до нијанси на црвена.

Природниот ливадски мед се добива од разновидни цвеќиња кои растат на ливадите. Содржи природни ензими, витамини, минерали и аминокиселини. Ливадскиот мед дава енергија, го зголемува хемоглобинот, ја зголемува апсорпцијата на калциумот од храната и го забрзува закрепнувањето на организмот. Поради лековитоста, медот треба сите да го употребуваат, но на децата и старите луѓе треба да им биде секојдневие.

Се препорачува кај спортисти, ја зголемува издржливоста, а го намалува заморот на мускулите. Го подигнува нивото на железо, ги намалува маснотиите во крвта
и го прочистува телото.

Пробајте го ФЛОРЕО-Природниот Ливадски Мед од Зоралек за секојдневно здраво и вкусно уживање во секој момент од денот. Останете енергични и подготвени за сите предизвици!

Состав: Ливадски мед 100%.

Начин на употреба: Без термичка обработка. Медот и другите пчелини производи треба да се задржуваат подолго во устата, затоа што одтаму, преку јазичните жлезди, брзо навлегуваат во крвта и се шират во целиот организам. На температура над 41оС, медот ги губи лековитите својства. Затоа внимавајте кога додавате мед чајот да не е премногу врел.

Конзумирање: По избор на потрошувачот. Дневната доза за возрасен човек е максимум 100гр. мед распореден во три дела, а за децата тоа количество изнесува 30гр. (една супена или три кафени лажички) дневно распоредени на три дела. Се препорачува конзумирањето на производот да биде половина час пред оброк.

Начин на чување: На собна температура. Кристализацијата е нормален процес на медот кој не влијае на неговиот квалитет. Медот кристализира под 18оС, а повторно ќе добиете течен мед кога ќе ја ставете теглата во топла вода до 40оС.

Рок на употреба: Неограничен. Природниот мед е препорачливо да се употреби во рок од 3 години од датумот на пакување означен на амбалажата.

Контакти

+389 70 211 220 | +389 43 225 333
ул. Вељко Влаховиќ бр. 1-3/12, 1430 Кавадарци, Македонија
info@zoralek.com

Следете не