Имуно Mед

Имуно мед

Опис на производот

ФЛОРЕО-Имуно мед претставува традиционална комбинација од пчелини производи создадена од Зоралек за подобрување на имунитетот. Составен е од мед, полен и прополис кои директно влијаат врз имунолошкиот систем.

Помага при:

  • Зајакнување на имунолошкиот систем;
  • Подобрување на виталноста и издржливоста;
  • Зголемување на силата;
  • Подобрување на сексуалната функција;
  • Забавување на процесот на стареење и обновување на клетките.

Пчелиниот полен е меѓу најстарите познати додатоци во исхраната. Се сугерира да се употребува како противдејство на влијанието на зрачењето и загадувачите од животната средина кои го ослабуваат имунолошкиот систем. При комбинација одредена количина полен со мед, како што е во ФЛОРЕО-Имуно мед,  го зајакнува имунолошкиот систем, помага при контрола на телесната тежина, ослободување од алергиските симптоми, подобрување на сексуалната функција, подобрување на виталноста и издржливоста, забавување на процесот на стареење и продолжување на животот.

Прополисот потекнува од сокот од билките и од пчелите. Тој е леплива смола којa пчелите ja користат за да го направат гнездото, да се заштитат од надворешни влијанија, како и за стерилизирање на кошницата, спречување на растот и развојот на бактериите и вирусите. Прополисот ја активира работата на тимусот (градната жлезда) која функционира како имунолошки систем, спречува вирусни и габични инфекции, како и други паразити кои можат да предизвикаат разни заболувања. Тој работи на изградба на природниот одбрамбен механизам на нашиот организам.
Делува како антисептик и антибиотик, а има и антигабично и антивоспалително дејство, па е многу корисен за детоксикација на организмот.

Имуно мед е одличен избор за деца, тинејџери, млади, возрасни, спортисти, бремени жени и за сите кои се грижат за своето здравје.

Не заборавајте на Вашиот ФЛОРЕО-Имуно мед во секој момент од денот, без разлика дали сте на работа, на одмор или пред вежбање. Останете имуни, здрави и полни со енергија!

Состав: Мед, полен и прополис.

Начин на употреба: Без термичка обработка. Медот и другите пчелини производи треба да се задржуваат подолго во устата, затоа што одтаму, преку јазичните жлезди, брзо навлегуваат во крвта и се шират во целиот организам. На температура над 41оС, медот ги губи лековитите својства.

Конзумирање: Дневната доза за возрасен човек е од 60гр. до 100гр. имуно мед распореден во три дела (по една супена лажица) пред оброк, а за децата тоа количество изнесува 30гр. (три кафени лажички) дневно распоредени на три дела пред оброк.

Начин на чување: На суво место на температура до 18оС заштитено од директна сончева светлина. Чувањето на производот на температура над 22оС може да влијае на физичкиот изглед но НЕ и на квалитетот на производот. Во таков случај, пред употреба производот се промешува и повторно се продолжува со конзумирање.

Рок на употреба: Неограничен. Природниот мед е препорачливо да се употреби во рок од 3 години од датумот на пакување означен на амбалажата.

Контакти

+389 70 211 220 | +389 43 225 333
ул. Вељко Влаховиќ бр. 1-3/12, 1430 Кавадарци, Македонија
info@zoralek.com

Следете не