Ѓумбир мед

Опис на производот
ФЛОРЕО-Ѓумбир мед од Зоралек претставува моќен традиционален микс од мед и ѓумбир. Идеална комбинација од природни производи кои заеднички позитивно делуваат при:
- Намалување на кашлицата;
- Намалување на настинката;
- Болки во грлото;
- Астма;
- Бронхитис;
- Дишните патишта;
- Болки во желудникот;
- Нормализирање на пулсот на срцето.
Ѓумбирот зазема специјално место во многу кујни поради специфичната арома и остриот, пикантно лут вкус кој го издвојува од останатите зачини, но исто така и заради неговите лековити својства. Илјадници години тој се користел како зачин и лек, па до денес луѓето го користат неговото моќно дејство. Во идеална комбинација со мед, помага при лекување на болно грло, сува кашлица и ги ублажува симптомите на настинка. Содржи антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од срцев удар.
ФЛОРЕО-Ѓумбир мед е вистинското природно решение кое може да Ви помогне да се справите со кашлицата. Останете енергични, насмеани и спремни за новите предизвици!
Состав: Мед и ѓумбир.
Начин на употреба: Без термичка обработка. Медот и другите пчелини производи треба да се задржуваат подолго во устата, затоа што одтаму, преку јазичните жлезди, брзо навлегуваат во крвта и се шират во целиот организам. На температура над 41оС, медот ги губи лековитите својства.
Конзумирање: Дневната доза за возрасен човек е од 60гр. до 100гр. ѓумбир мед распореден во три дела (по една супена лажица) пред оброк, а за децата тоа количество изнесува 30гр. (три кафени лажички) дневно распоредени на три дела пред оброк.
Начин на чување: На суво место на температура до 18оС заштитено од директна сончева светлина. Чувањето на производот на температура над 22оС може да влијае на физичкиот изглед но НЕ и на квалитетот на производот. Во таков случај, пред употреба производот се промешува и повторно се продолжува со конзумирање.
Рок на употреба: Неограничен. Природниот мед е препорачливо да се употреби во рок од 3 години од датумот на пакување означен на амбалажата.