Дигесто мед

Дигесто мед

Опис на производот

ФЛОРЕО-Дигесто мед од Зоралек претставува традиционална мешавина од мед, ленено семе, сончогледово семе, семки од тиква и сусам. Помага при:

  • Ублажување на иритираноста на дигестивниот систем;
  • Варењето на храната;
  • Хронична кашлица и бронхитис;
  • Успорување на процесот на стареење.

Лененото семе е еден од најбогатите извори на масни киселини кои ја разредуваат крвта и го намалуваат ризикот од формирање на тромбови. Во народната медицина се користи како лек против воспаление на слузокожата на устата, желудникот и цревата.

Сончогледовото семе содржи целулозни влакна, големо количество на витамин А, витамини од Б групата и витамин Е (50мг./100гр.) кој е добар антиоксиданс. Од минерали содржи: калциум, фосфор, магнезиум, натриум, калиум и железо. Во својот состав содржи: 64% полинезаситени масни киселини како што е линолната киселина (омега 6), кои се потребни за раст и обнова на клетките, заштита на организмот од холестерол со намалување и одстранување од артериите; 24% мононезаситени масни киселини кои помагаат да се зголеми добриот ХДЛ холестерол а да се намали лошиот ЛДЛ во крвта; 12% заситени масни киселини кои служат како извор на енергија.

Семките од тиква содржат 43% полинезаситени масни киселини и тоа линолна (омега 6) и 14% полинезаситена линоленска киселина (омега 3), 36% мононезаситени масни киселини и 8% заситени масни киселини, 24% протеини, јагленихидрати, од минерали: цинк, калиум и железо, од витамини- Б група. Масните киселини се неопходни за добар вид, концентрација, регулирање на нивото на холестерол во крвта, за добар имунитет и активен метаболизам. Омега 3 и омега 6 масните киселини присутни во семето од тиква исто така се неопходни при диети и постови, ја чистат кожата и го штитат срцето.

Сусамот содржи 43% полинезаситени масни киселини, 43% мононезаситени масни киселини и 12% заситени масти. Богат е се со протеини, ги содржи сите есенцијални аминокиселини особено метионин. Во семките постои една посебна состојка именувана како сезамин кој го намалува холестеролот во крвта на тој начин што ја намалува апсорпцијата од цревата и ја забрзува дигестијата. Сусамот содржи и витамин Е кој е еден од најсилните антиоксиданси. Богат е со магнезиум, цинк, калиум и железо (во споредба со месен нарезок концентрацијата на калциум е 20 пати поголема, а концентрацијата на железо е 3 пати поголема). Се смета за лековита храна која може да го успори процесот на стареење.

Не заборавајте на Вашиот ФЛОРЕО-Дигесто мед пред секој оброк. Искористете го макимумот од секоја храна која ја конзумирате!

Состав: Мед, ленено семе, сончогледово семе, семки од тиква и сусам.

Начин на употреба: Без термичка обработка. Медот и другите пчелини производи треба да се задржуваат подолго во устата, затоа што одтаму, преку јазичните жлезди, брзо навлегуваат во крвта и се шират во целиот организам. На температура над 41оС, медот ги губи лековитите својства.

Конзумирање: Дневната доза за возрасен човек е од 60гр. до 100гр. дигесто мед распореден во три дела (по една супена лажица) пред оброк, а за децата тоа количество изнесува 30гр. (три кафени лажички) дневно распоредени на три дела пред оброк.

Начин на чување: На суво место на температура до 18оС заштитено од директна сончева светлина. Чувањето на производот на температура над 22оС може да влијае на физичкиот изглед но НЕ и на квалитетот на производот. Во таков случај, пред употреба производот се промешува и повторно се продолжува со конзумирање.

Рок на употреба: Неограничен. Природниот мед е препорачливо да се употреби во рок од 3 години од датумот на пакување означен на амбалажата.

Контакти

+389 70 211 220 | +389 43 225 333
ул. Вељко Влаховиќ бр. 1-3/12, 1430 Кавадарци, Македонија
info@zoralek.com

Следете не