Цимето мед

Опис на производот
ФЛОРЕО-Цимето мед претставува вкусна и незаменлива комбинација од мед и цимет создавана со традиција од Зоралек. Овој однос на моќни природни производи дава резултати при:
- Олеснување на симптомите на алергија;
- Одлична поддршка при дијабетес;
- Појава на акни и настинки.
Циметот не е познат само како вкусен зачин, туку и како извор на витамини и минерали. Тој содржи калциум, железо, манган, витамин Ц и витамин К, а исто така и диететски влакна, па оттаму доаѓаат и неговите здравствени бенефиции. Во комбинација со мед го зајакнува имунитетот. Цимет со мед е не само вкусна, туку и моќна комбинација којашто се користи и како природен лек.
Во текот на студените денови консумирајте една лажичка мед и четвртина лажичка цимет растворени во чаша млака вода за да ја подобрите заштитата на телото од вируси и бактерии. Циметот содржи високи нивоа на антиоксиданти и феноли, кои помагаат при инфекции. Антиоксидантите во циметот го стабилизираат шеќерот во крвта и ја намалуваат потребата за слатко.
ФЛОРЕО-Цимето мед е вистинскиот избор кој ќе Ве направи подготвени за предизвиците секој ден!
Состав: Мед и цимет.
Начин на употреба: Без термичка обработка. Медот и другите пчелини производи треба да се задржуваат подолго во устата, затоа што одтаму, преку јазичните жлезди, брзо навлегуваат во крвта и се шират во целиот организам. На температура над 41оС, медот ги губи лековитите својства.
Конзумирање: Дневната доза за возрасен човек е од 60гр. до 100гр. цимето мед распореден во три дела (по една супена лажица) пред оброк, а за децата тоа количество изнесува 30гр. (три кафени лажички) дневно распоредени на три дела пред оброк.
Начин на чување: На суво место на температура до 18оС заштитено од директна сончева светлина. Чувањето на производот на температура над 22оС може да влијае на физичкиот изглед но НЕ и на квалитетот на производот. Во таков случај, пред употреба производот се промешува и повторно се продолжува со конзумирање.
Рок на употреба: Неограничен. Природниот мед е препорачливо да се употреби во рок од 3 години од датумот на пакување означен на амбалажата.