Чоко мед

Чоко мед

Опис на производот

Чоколадниот микс од природни производи е ФЛОРЕО-Чоко мед од Зоралек. Составен од идеална комбинација на мед, какао и лешници претставува новата природна енергија за спортски активните лица и лицата со поголеми умствени активности во текот на денот. Помага при:

  • Подобрување на концентрацијата и помнењето;
  • Зголемување на нивото на енергија;
  • Подобрување на кардиоваскуларното здравје;
  • Позитивно влијае на крвните садови;
  • Намалување на високиот крвен притисок и висината на лошиот холестерол во крвта.

Позитивни страни на какаото се: го штити организмот од слободните радикали, го намалува стресот и депресијата, нè штити од болестите на срцето и крвните садови, штити од карцином, одличен извор на железо, го регулира нивото на шеќер и холестерол, го поттикнува помнењето и концентрацијата, ја намалува можноста од појава на срцев удар.

Лешникот има благотворно и лековито дејствување на човечкиот организам. Одредени елементи во составот на плодот позитивно влијаат на крвните садови, го штитат срцевиот мускул и го намалуваат крвниот притисок. Тенка кожичка на површината на плодот содржи полифеноли кои се совршена превентива од срцевиот удар, но и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања и ангина пекторис. Покрај витамините А и Е, лешниците се значаен извор на витамините Б6, Б1(тиамин) и фолна киселина.

ФЛОРЕО-Чоко мед има двојна функција. Се конзумира еден час пред тренинг (физички и умствен) за сила и енергија како и после тренинг за враќање на силата и енергијата.

Состав: Мед, какао и лешници.

Начин на употреба: Без термичка обработка. Медот и другите пчелини производи треба да се задржуваат подолго во устата, затоа што одтаму, преку јазичните жлезди, брзо навлегуваат во крвта и се шират во целиот организам. На температура над 41оС, медот ги губи лековитите својства.

Конзумирање: Дневната доза за возрасен човек е од 60гр. до 100гр. чоко мед распореден во три дела (по една супена лажица) пред оброк, а за децата тоа количество изнесува 30гр. (три кафени лажички) дневно распоредени на три дела пред оброк.

Начин на чување: На суво место на температура до 18оС заштитено од директна сончева светлина. Чувањето на производот на температура над 22оС може да влијае на физичкиот изглед но НЕ и на квалитетот на производот. Во таков случај, пред употреба производот се промешува и повторно се продолжува со конзумирање.

Рок на употреба: Неограничен. Природниот мед е препорачливо да се употреби во рок од 3 години од датумот на пакување означен на амбалажата.

Контакти

+389 70 211 220 | +389 43 225 333
ул. Вељко Влаховиќ бр. 1-3/12, 1430 Кавадарци, Македонија
info@zoralek.com

Следете не