Пчеларски активности во февруари

Пчеларски активности во февруари

Пчеларски активности во февруари

 

Во февруари, вториот месец во годината, посебно во втората половина, деновите стануваат подолги а ноќите пократки. Температурните разглики можат да бидат големи, како помеѓу деновите, така и помеѓу денот и ноќта.

Во природата сеуште нема паша, или пак ја има во сериозно мали количини, а потрошувачката на мед и полен од резервите во кошницата станува секојдневно се поголема и поголема, затоа што матицата полага јајца во многу поголем број за разлика од претходниот месец.

Пчелите работнички започнуваат интензивно да го хранат и негуваат леглото и матицата, како и да ја зголемуваат топлината во кошницата, особено во оние делови каде има легло и температурата треба да изнесува помеѓу 34 и 35°С.

Започнува да се појавува излегување на поголем број на пчели од кошницата во потоплите денови поради прочистување, а доколку се условите и попогодни започнуваат и со паша. Под тие услови се појавува повеќе легло од кои излегуваат млади пчели и друштвото се зајакнува.

Доколку се забележат овие или некои други услови кај пчелните семејства веднаш се пристапува на терен во пчеларникот за да се завршат следниве обврски:

  • Чистење на подната даска и полеталката за со цел да се отсранат мртвите пчели и отпадни работи кои се собирани во текот на зимата;
  • Контрола на здравјето на пчелното семејство;
  • Детална контрола на состојбата на резервна храна во друштвото, особено на цветниот прав кој претставува основна храна на младоизведената пчела;
  • Додавање на пчелни погачи во друштвото збогатени со витамини и состојки кои им се потребни на пчелите;
  • Да се прегледа материјалот кој му претставува затоплувач на друштвото, а доколку е потребно и да се замени со нов;
  • Да се запази леглото да не се развие повеќе од што е потребно за овој период од годината;
  • Да се третираат пчелните друштва од вароа;
  • Доколку е потребно да се постават поилки во пчеларникот.

Автор: Зоран Маринковиќ

Контакти

+389 70 211 220 | +389 43 225 333
ул. Вељко Влаховиќ бр. 1-3/12, 1430 Кавадарци, Македонија
info@zoralek.com

Следете не