Пчеларникот во декември

Пчеларникот во декември

Пчеларникот во декември

 

Декември е првиот зимски месец. Најчесто деновите се ладни и снежни. Во овој месец мирот на пчеларникот е задолжителен. Пчелите се во состојба на клубе. Легло нема, а матицата се наоѓа во средината на клубето.

Ако има снежни денови задолжително треба да се проверат летата на подниците дали се затрупани со снег и дали има проток на свеж воздух во кошницата. Летата треба да се чистат внимателно без предизвикување на врева. Снегот од капаците не треба да се чисти бидејќи тој е одличен изолатор.

Мирот на пчеларникот е многу потребен, бидејќи секое вознемирување на пчелите значи напуштање на клубето и мртви пчели. Пчелите можат да се вознемират од птиците кои бараат храна но и од човекот кој тропа по кошниците за да види дали се живи.

Вознемирените пчели освен што го напуштаат клубето трошат и повеќе храна, а тоа значи и почести прочистни летови.

Ако сакаме да ја дознаеме состојбата во кошниците најдобро е да го ставиме увото на зидовите на кошницата. Ако се слуша тивко еднолично зуење тогаш со семејството е се во ред, но ако утврдиме дека во кошницата се слуша силно длабоко зуење, очигледно дека со тоа семејство нешто не е во ред.

Ваквото пчелно семејство задолжително мора да биде прегледано на првиот потопол ден или кошницата да се внесе во затоплена темна просторија и да се отстрани причината што предизвикала вознемиреност кај пчелите.

Во овој месец малобројните топли денови пчелите ќе ги искористат за своите прочистни летови. Во ваквите денови е задолжително присуството на пчеларот на пчеларникот како би утврдил дали од сите кошници излегуваат пчели и дали има присуство на ноземоза во пчеларникот.

Пчелите своите прочисни летови ги прават веќе над 12°C.

Преместување од едно место на друго во пчеларникот можете да направите само ако пчелите не излегувале од кошницата повеќе од 25 дена.

Во овој месец на температура над +5°C направете го задолжителното зимско третирање на пчелите со Оксална киселина.

Зимското третирање на пчелите кога нема пило е многу значајно бидејќи ги уништува возрасните единки на вароата.

Не заборавајте дека во зимските месеци пчеларот треба да обрне внимание на едукација.

Посетувајте ги редовно пчеларските советувања и предавања организирани од Пчеларските здруженија и читајте повеќе литература!

Автор: Зоран Маринковиќ

Контакти

+389 70 211 220 | +389 43 225 333
ул. Вељко Влаховиќ бр. 1-3/12, 1430 Кавадарци, Македонија
info@zoralek.com

Следете не