Органско Пчеларство

Органско Пчеларство

Органско Пчеларство

 

Кога станува збор за органско производство на мед и други пчелни производи знаеме дека се потребни некои посебни услови за нивно производство и дека се разликуваат од останатите.

Целта на органското производство на пчелни производи не е во количината, туку во нивната здравствена исправност. Се тежнее кон производство на здравствено безбедна храна без присуство на пестициди и други отровни материи.

Органски произведениот мед по својот изглед, вкус и хранлива вредност, не мора да се разликува од конвенционално произведениот, но во поглед на неговата здравствена исправност постојат значителни и многу важни разлики. Органскиот начин на пчеларење инсистира повеќе кон виталната улога на пчелите во многу екосистеми.

Како еден од предусловите за пристап на органското производство се наведува изборот на раса на медоносна пчела. Имено треба да се земе во предвид способноста на инсектите да се прилагодат на локалните услови на животната средина, нивната виталност и отпорност спрема болести. Предност се дава на користењето на европските раси Apis mellifera и нивните локални екотипови како што е тоа во случајот во нашата земја Apis mellifera мacedonica.

Посебно внимание се посветува за доброто на пчелите што подразбира забрана за уништување на пчелите во саќето како метод за собирање на медот, практиките како сечење, односно одрежување на крилата на матицата и уништуввање на машкото потомство не се дозволени, освен во случај на сопирање на некоја болест предизвикани од Varroa destructor (крлеж).

Просторот на кој се наоѓа пчеларникот и површината на медоносни растенија кои ги посетуваат пчелите треба да одговараат на условите на органско производство, што е регулирано со пропис, дека пчеларниците мора да бидат оддалечени минимум 3 км од било какви извори на загадување.

Вештачката исхрана на пчелите е дозволена во периодот од последната паша до 15 дена пред истекот на следната сезона. Шеќерот кој се користи за правење на храна исто така треба да биде во склад со правила на органско производство, односно може да се користи исклучиво органски шеќер во овие ситуации.

Превенцијата од болести во органското пчеларско производство се заснова на селекција на резистентни раси и видови, вклучувајќи и постапки со кои се зголемува и отпорноста према болести, како што се на пример редовна замена на матици, системска контрола на кошниците и трутовите, редовна дезинфекција на материјалот и опремата, редовна замена на пчелниот восок и обезбедување на доволно резерви на мед и полен во кошниците.

Автор: Зоран Маринковиќ

Контакти

+389 70 211 220 | +389 43 225 333
ул. Вељко Влаховиќ бр. 1-3/12, 1430 Кавадарци, Македонија
info@zoralek.com

Следете не